Ел Класико во финалето на Супер-Купот: Барселона подобра од Бетис на пенали (ВИДЕО)

Екипата на Барселона е вториот финалист во Супер-Купот на Шпанија, откако денеска „Каталонците“ исто како и Реал Мадрид, преку пенали стигнаа до финалниот меч. Барса со 4-2 успеа да го совлада Бетис по изведувањето на пеналите. Тер Штеген е херојот на Барса кој успеа да одбрани два пенали во серијата.

Во регуларниот дел беше 1:1. Левандовски во 40. минута погоди за водство, израмни Фекир во 77. минута. Во продолженијата, пак, одново по еден гол на двете страни. Во продолженијата, а прекрасниот гол на Фати во 93. минута, врати Лорен Морон со уште поубав гол со петица за 2-2 и после 120 минути. На Барселона во регуларниот дел и беа поништени два гола, а Бетис во продолжението остана без еден играч, откако исклучен беше Гуардадо.

Откако првите двајца изведувачи и кај едните и кај другите беа прецизни, следуваа две промашувања во серија на Бетис, поточно Тер Штеген ги одбрани ударите на Хуанми и Карвалјо, а погоди Педри за конечен триумф за „каталонците“.

Се вчитува...