„Ел Класико“ во шпанскиот куп: Барселона – Реал во полуфиналето!

Спектакл во полуфиналето на Кралскиот куп во Шпанија. Барселона – Реал Мадрид ќе се соочат во полуфиналето на најмасовното клупско натпреварување на Пиринети, одлучи денешната ждрепка.

Во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат Валенсија и Бетис.

Првите полуфинални мечеви ќе се играат на 6. февруари, домаќини ќе бидат Барселона и Бетис, додека реваншите се на  27. февруари. Финалниот натпревар ќе се игра на стадионот „Бенито Вилјамарин“ во Севилја.

Се вчитува...