Ел Шарави остана верен на Рома

Стефан ел ШАрави ја потврди лојалноста кон Рома потпишувајќи нов договор со „римската волчица“, со кој крилниот офанзивец ќе остане во римскиот клуб уште најмалку две сезони.

За услугите на Ел Шарави се интересираа клубови од Италија, како и од Саудиска Арабија, но поранешниот италијански репрезентативец сепак реши да не ги менува клупските бои.

„Рома отсекогаш беше мој приоритет, овде го најдов мојот дом, моето второ семејство и сакам да останам и да возвратам за љубовта и поддршката што ги добивав. Искрено сум благодарен на челниците на клубот што ми дадоа шанса да продолжам да ги бранам боите на овој клуб“, ијзави Ел Шарави, кој досега има постигнато 58 погодоци на 231 натпревар во дресот на „римската волчица“.

Се вчитува...