Елена Јанкуловска брка полуфинале на ИТФ јуниорскиот турнир во Скопје

Една од најнадежните македонски тенисерки, Елена Јанкуловска денеска ја очекува битката за полуфинале на ИТФ јуниорскиот турнир “Скопје Опен 2018“ за тенисер(к)и до 18 години кој се одржува до недела на терените на ТК „Југ“.

Јанкуловска денеска во четвртфиналето во поединечна конкуренција ќе се соочи со Елени Фасула од Грција. Претходно, во 3. коло на турнирот македонската тенисерка беше подобра од Норвежанката Јенсруд (13-та носителка) победувајќи со 6-1,6-4.

Полуфинале, но во игра на двојки, го очекува и Ѓорѓи Јанкуловски, кој заедно со Србинот Лука Јанковиќ, за финале ќе се бори со белгиската двојка Колињон/ Диграчи.

Ѓорѓи Јанкуловски

ИТФ турнирот во Скопје е од петта категорија и се игра на костур 48 квалификации и 48 главен турнир со 24 во двојки. На турнирoт учествуваат 42 јуниори и 23 јуниорки (65 тенисери) на квалификациите и 48 јуниори и 48 јуниорки  (вкупно 96 тенисери ) на главниот турнир, од 29 држави: Белгија, Холандија, Србија, Полска, Бугарија, Романија, Израел, Црна Гора, Велика Британија, Хратска, Словенија, Грција, Норвешка, Турција, Косово, Шпанија, Италија, Чешка, Шведска, Украина, Швајцарија, Соединетите Американски Држави, Русија, Германија, Унгарија, Кина, Естонија, Словачка и Македонија.

Се вчитува...