Елена Рибакина нова „кралица“ на Вимблдон

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина, е нов освојувач на престижниот Вимблдон. Таа денеска во финалето ја совлада својата ривалка Онс Жабур со 2-1 во сетови, и тоа откако имаше негатива по првиот сет.

Тунижанката го доби првиот сет со 3-6, и ја имаше контролата на играта. Сепак, во вториот сет Рибакина беше супериорна и го доби со 6-2.

Во третиот одлучувачки сет Рибакина беше поконцентрирана од второпласираната на ВТА листата, и ја совлада со истиот резултат 6-2, и така за првпат се радуваше на трофеј во грен-слем турнирите.

Мечот траеше 1 час и 50 минути.

Се вчитува...