Без победник 1-1 заврши дуелот на македонските репрезентативци Јован Манев и Агон Елези во мечот меѓу Осиjек и Вараждин во 9. коло од новата сезона во хрватската фудбалска лига.
Водство од 0-1 за гостите донесе токму нашиот Агон Елези уште во 14. минута. На нашиот фудбалер му беше поништен и гол во 38. минута откако по проверка на ВАР се докажа дека Елези беше во офсајд. Конечните 1-1 ги постави Миерез во 54. минута.
Друштво во екипата на Вараждин на Елези му правеше Димитар Митровски. Елези беше заменет во 56. минута, додека Митровски излезе од игра во 89. минута.
Јован Манев исто така беше стартер за својот тим и го одигра целиот меч за домаќинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА