Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе игра против актуелниот европски првак, Англија, и против Унгарија и Летонија, во групата од елитните квалификации за пласман на Европското првенство во Финска. Генерацијата што ја предводи селекторот Вујадин Станојковиќ, преполна со суперталенти како Елиф Елмас, Јани Атанасов, Дарко Чурлинов…, ќе има тешка задача да избори пласман на завршниот турнир, со оглед дека само првото место води на ЕП.
Сепак, Македонија со своите резултати во претквалификациите се избори за место во првиот барабан и како носител на групата влегува во овие елитни квалификации за пласман на Европското првенство.
ЕВРО 2018 во Финска ќе се игра од 16 до 29 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА