Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше одлично деби за новиот клуб Торино постигнувајќи гол во несреќниот пораз од Болоња со 2-3.
Тренерот Паоло Ваноли беше задоволен од прикажаното на Македонецот велејќи дека тој дава квалитет и е многу важен дел од неговиот состав.
„Несреќно го загубивме натпреварот. Елмас ни дава повеќе квалитет. Тој е важен фудбалер и тоа веќе го покажа во Неапол. Сигурен сум дека многу ќе ни помогне во продолжението на сезоната“, изјави Ваноли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА