Елмас доби предупредување од тренерот: Испадите со црвени картони мора да престанат

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас добил предупредување од тренерот на Фенербахче, Ерсун Јанал околу неговата невнимателност и агресивност на терен која се рефлектира со исклучувања. А, на крајот сето тоа сериозно влијае на игрите и развојот на младиот фудбалер.

Елмас доби директен црвен картон по крајно невнимателен старт на дуелот од Купот на Турција против Умраниеспор. Веднаш по натпреварот Јанал имал подолг разговор со македонскиот фудбалер советувајќи го дека мора да се промени начинот на кој пристапува во одредени моменти на натпреварите, или во спротивно ќе мора повеќе да седи на резервната клупа. Сличен проблем Елмас имаше и минатата година кога во натпревар во младинска конкуренција жестоко стартуваше и доби директен црвен картон.

А, Ерсун Јанал не сака така лесно да го загуби Елмас кој е еден од најдобрите фудбалери на Фенербахче сезонава. Веќе сериозно го привлекува вниманието и на бројни европски гиганти кои се заинтересирани за неговите услуги. Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Тотенхем се три клуба кои веќе се потенцираат како една негова можна идна дестинација.

19-годишниот Елмас со Фенербахче има договор до јуни 2022 година.

Се вчитува...