Елмас доби роденденско супер-изненадување од соиграчите од Наполи (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера го одбележа својот 21. роденден. Веќе зад себе, и со само 21 години, има фудбалска кариера за почит, но јасно е дека пред него е блескава иднина.

Колку е почитуван и во редовите на Наполи, потврда е и потегот на неговите соиграчи од италијанскиот клуб кои се одлучија да го изненадам со мала забава за роденденот.

„Беше тоа прекрасна ноќ со моите соиграчи и пријатели прославувајќи го роденденот. Ви благодарам на сите“ – напиша Елмас на својот Инстаграм профил, споделувајќи ја и фотографијата од роденденската забава.

Се вчитува...