Елмас: Двата гола се мој подарок за Горан Пандев

Елиф Елмас на најдобар можен начин го потврди сиот свој раскошен талент со двата погодоци во победата од 3-1 против Летонија на стартот од квалификациите за ЕП 2020. Вториот, вистинско ремек-дело за кое веќе зборува и фудбалска Европа.

А, Елмас и двата погодоци, како што изјави веднаш по натпреварот, ги посветува на капитенот Горан Пандев како подарок за неговиот јубилеен 100-ти настап во репрезентативниот дрес.

„Среќен сум поради триумфот на Македонија, а двата гола му ги посветувам на Горан Пандев. Голема чест ни е на сите што сме дел од селекцијата која тој ја предводи како капитен. Одигравме квалитетен меч, бевме подобри и заслужено победивме. Се надеваме дека ќе продолжиме во ист стил и на наредните натпревари. Веќе на следниот меч против Словенија во Љубљана мора повторно да го демонстрираме нашиот квалитет“ – вели Елмас.

Се вчитува...