Елмас гледаше од клупата, Опенда го искачи Лајпциг на врвот на табелата

Елиф Елмас повторно не доби шанса од тренерот МаркоРозе, ниту на денешниот дуел на кој неговиот Лајпциг успеа да слави со 0-1 и да се искачи барем на неколку часа на врвот на табелата (еден бод повеќе од Баерн, кој од 17.30 часот гостува на Ајнтрахт). Розе се реши за ултра-офанзивна формација со Шешко и Опенда помогнати од младиот Нуса, оставајќи го македонскиот репрезентативец на клупата за резерви.

Првото полувреме мина во израмнета борба без премногу шанси, но затоа Лајпциг беше подобар во второто полувреме. Најпрвин ВАР го  поништи голот на Шешко, но затоа признаен беше погодокот на Опенда, кога Белгиецот доби употреблива топка од Нуса и ја смести во мрежата.

Гостите потоа умешно се одбранија до самиот крај, стигнувајќи до значајни три бода во битката за највисок пласман. Хајденхајм може да жали за големата шанса во 93. минута, кога домашните не се снајдоа најдобро во противничкиот шеснаесетник и Гулаши ја сочува својата мрежа незатресена.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...