Елмас и Наполи во финалето на Копа Италија… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со својот Наполи ќе играат во финалето на италијанскиот Куп откако во реванш полуфиналната пресметка ремизираа (1-1) со Интер. Откако на првиот дуел во Милано, Наполи славеше со 0-1, сега сосема доволно за место во финалето.

„Нераѕурите“ дојдоа до предност уште во 2. минута со голот на Ериксен директно од корнер…

 

Но, Мертенс во 41. минута израмни за конечни 1-1, доволно за место на наполитанците во финалето. Елмас стартуваше на натпреварот одигрувајќи 65. минута, кога беше заменет од Фабијан Руиз.

Финалето меѓу Наполи и Јувентус е закажано на 17. јуни.

Се вчитува...