Елмас ја почувствува „магијата“ на „калчото“ – Наполи во епски меч ја освои Фиренца

Елиф Елмас не беше стартер, но Карло Анчелоти му укажа доверба на македонскиот ас да настапи на премиерниот меч од новата сезона, во кој Наполи на гостински терен ја совлада Фиорентина со 3-4. Нашиот интернационалец влезе во игра во 71. минута на местото на Алан и ги одигра последните 20 минути на „Артемио Франки“, помагајќи им на „наполитанците“ да ја задржат минималната предност до самиот крај.

Прото полувреме мина во големи судиски грешки, откако Маса досуди по еден смешен пенал на двете страни, а Наполи замина на одмор со водство од 1-2. Во следните дваесетина минути можеше да се проследи извонреден фудбал, Фиорентина израмни на 2-2, потоа и на 3-3, но Инсиње со својот втор гол во 67. минута донесе триумф на „наполитанците“ на овој супердраматичен натпревар.

Во 92. минута имаше спорен момент по стартот на Хисај над Рибери, но судијаата Маса немаше храброст уште еднаш да покаже на белата точка.

Елмас и соиграчите во следното коло ги очекува уште поголем предизвик, гостување во Торино против актуелниот шампион Јувентус.

Се вчитува...