Елмас на клупа, Наполи очаен, Гатузо пред отказ!

Наполи го запиша и третиот едноподруго пораз во Серија А, овој пат во 20. коло пред своите навивачи од Фиорентина со 0-2 (0-1). Со тоа повторно сериозно е вклучен алармот во редовите на наполитанците од каде се најавува нова смена на тренерското столче.

Наполи одигра уште еден очаен натпревар. Триумфот на Фиорентина и го донесоа Киеза со голот во 26. минута, и Влаховиќ во 74. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно не доби шанса за настап, останувајќи единствено на клупата за резервни фудбалери.

Како што пренесуваат дел од италијанските медиуми, пораз од овој натпревар лесно може да значи и отказ за тренерот Џенаро Гатузо кој воопшто не ги оправда очекувањата на раководството на клубот.

Се вчитува...