Елмас не заборава каде почнал: Во посета на својот прв тренер Јовче Џипунов и школата „Форца“ (ФОТО)

Вистинската големина на спортистите кои ќе успеат во својата кариера да ги достигнат најголемите височини без сомнение е незаборавот за своите први почетоци, сеќавањето на местото и луѓето кои први го повеле кон светот на ѕвездите. Секогаш скромниот македонски репрезентативец Елиф Елмас знае дека е така, па затоа секој свој одмор во Македонија го користи и за посета на школата каде ги направи своите први фудбалски почетоци.

И во моментов, во очекување на стартот на подготовките за новата сезона со Наполи, Елмас одморот го користи во своето Скопје притоа посетувајќи го и својот прв фудбалски тренер, легендарниот член на златната генерација на Вардар, Јовче Џипунов, и фудбалската школа „Форца“ кој е првиот негов клуб пред трансферот во Работнички, а потоа и во Фенербахче.

Елмас донесе нескриена радост меѓу најмладите членови на „Форца“ кои неизбежно понесоа и фотографија за спомен со сега веќе ѕвездата на италијанскиот Наполи.

Се вчитува...