Елмас одигра 20 минути во триумфот на Лајпциг, Леверкузен славеше против Ајнтрахт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг стигнаа до нов триумф во домашниот шампионат откако денеска славеа на гостувањето кај Мајнц со 0-2 во натпревар од 7. коло во германската Бундеслига.

Домаќините поведоа со 0-1 со голот на Чави Симонс во 20. минута, додека конечните 0-2 ги постави Вили Орбан во 27. минута. По подолго време шанса доби и нашиот Елиф Елмас кој во игра влезе во 73. минута и ги одигра последните дваесет минути.

Mainz 0-[2] RB Leipzig – Willi Orbán 38'
byu/suedney insoccer

Актуелниот шампион Баер Леверкузен славеше на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт со 2-1. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Мармуш од пенал во 16. минута. На 1-1 израмни Андрих во 25. минута, додека конечните 2-1 ги постави Бонифејс во 72. минута. Во останатите мечеви во понудата од 15.30 часот: Хофенхајм – Бохум 3-1, Фрајбург – Аугзбург 3-1 и Борусија Менхенгладбах – Хајденхајм 3-2.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...