Елмас се огласи по поставениот рекорд – Форца Наполи (ФОТО)

Елиф Елмас и неговиот Наполи не успеаја да стигнат до три бода ниту во вториот натпревар од Лига Европа откако на домашен терен загубија од Спартак Москва со 3-2 во фантастичен натпревар во кој Македонецот стрелаше во 13. секунда од мечот.

Со тоа македонскиот репрезентативец постави и нов рекорд за најбрз гол на италијанските екипи во ова натпреварување, но по мечот имаше измешани емоции.

„Голема штета за натпреварот… но веднаш сме насочени кон следниот меч. Форца Наполи засегкоаш“, напиша Елмас на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

Се вчитува...