Елмас: Словенците ни се извлекоа, ќе ги победиме во Скопје

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Македонија со бод се враќа од Словенија, откако ремизираше (1-1) против селекцијата на Матјаж Кек. Имавме негатива по првиот дел, но возвративме со голот на Енис Барди на стартот од второто полувреме. Младиот Елиф Елмас овојпат беше стартер во составот на „црвено-жолтите“ и вели дека Словенците се извлекоа, можат да бидат среќни што не го загубија мечот.

„Одигравме квалитетен натпревар и според прикажаната игра, мислам дека заслуживме и повеќе од бод. Имавме неколку изгледни шанси, но, за жал, не успеавме да ги реализираме. Словенците ни се извлекоа, но ќе ги победиме во Скопје. По две кола имаме четири бода и се уште имаме големи амбиции да ја оствариме нашата цел, да се пласираме на ЕВРО 2020“, изјави двојниот стрелец од претходниот меч против Летонија.

Се вчитува...