Елмас царува во Неапол… Гол и асистенција на мегданот против Пандев (ВИДЕО)

Одлична партија на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во дресот на Наполи на дуелот против Џенова во 2. коло од Серија А.

Елмас кој во игра влезе во 23. минута на местото на Инсиње, со асистенција и погодок досега учествува во убедливата игра на наполитанците.

На 15 минути до крајот Наполи има неверојатна предност од 6-0, а петтиот гол во 69. минута беше дело токму на Елмас.

 

Претходно, во 46. минута македонскиот фудбалер асистираше и на Зјелински, кој по неговото проигрување го постигна голот за водство од 2-0.

 

Горан Пандев во игра влезе во 55. минута на местото на Зајц.

Се вчитува...