Елмас влезе од клупа, Фенербахче конечно победи

Фенербахче конечно стигна до четвртата победа во шампионатот на Турција, совладувајќи го на домашен терен тимот на Малатијаспор со 3-2. Во драматичен натпревар, македонскиот интернационалец Елиф Елмас влезе во игра од клупата за резерви во 81.минута и донесе дополнителен импулс за триумф. Победничкиот погодок за Фенербахче го постигна Мехмет Топал во 86.минута од средбата.

Претходно, Мехмет Екичи беше двоен стрелец за тимот на Фенербахче, а не успеа да релизира и пенал. Со овој триумф, Фенербахче ја напушти опасната зона на табелата и сега се наоѓа на 14.позиција со 20 освоени бода.

Се вчитува...