Елмас заигра, Наполи го елиминираше Лацио од Купот на Италија

Наполи во неверојатен натпревар успеа да слави над Лацио со 1-0 и да се пласира во следната рунда од Купот на Италија, прекинувајќи ја серијата слаби партии и намалувајќи го притисокот врз тренерот Џенаро Гатузо. Елиф Елмас конечно доби шанса да се најде на теренот, влезе во игра кон средината на второто полувреме на местото на Калјехон и сосема солидно си ја заврши задачата на средината на теренот.

Супер-драматично беше првото полувреме, откако Инсиње на самиот почеток го доведе Наполи во водство, а Имобиле во 9. минута промаши пенал, лизгајќи се непосредно пред да ја шутне топката од белата точка. Во 19. минута домаќините останаа со играч помалку по исклучувањето на Хисај, седум минути подоцна силите беа израмнети бидејќи црвен картон заработи и Лукас Леива.

Лацио стори се за да стигне до израмнување, но римјаните немаа среќа откако во самата завршница го погодија дирекот од голот на Оспина.

Се вчитува...