Ембид го уништи Јокиќ – Филаделфија победнички против Денвер (ВИДЕО)

Филаделфија 76 славеше на домашен терен со 126-119 против Денвер Нагетс во првиот натпревар од феноменалната ноќ во НБА лигата исполнета со многу дерби дуели.

Нагетс фуриозно го отворија натпреварот полнејќи го кошот на противникот буквално од секоја позиција и по дванаесет минути игра имаа предност од 29-38. Никола Јокиќ и „компанија“ продолжија одлично и во вториот период, па на полувреме заминаа со предност од 58-73.

На паркетот во второто полувреме излезе некоја нова Филаделфија која предводена од Џоел Ембид на влезот во последната четвртина успеа да дојде на само три негатива 96-99. Во последниот период подобро се снајдоа домаќините за конечен триумф од …

Џоел Ембид со 47 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените 24 поени уфрли Никола Јокиќ

 

Се вчитува...