Ембид: И мене ме „бркаа“ од Филаделфија, сакам да играм со Симонс

Бен Симонс е пред заминување од Филаделфија, а американските медиуми како „кривец“ за тоа ја наведоа ѕвездата на тимот, Џоел Ембид. Наводно, камерунскиот центар изразил незадоволство од игрите на неговиот соиграч по поразот во четвртфиналето од Атланта и побарал нов соиграч.

Сепак, Ембид ги отфрли овие шпекулации со серија на твитови, а ситуацијата со Австралијанецот ја спореди со онаа која нему му се случи пред неколку години.

„Престанете да го користите моето име за нечија цел. Јас сакам да играм со Бен. Тој е неверојатен играч, а сите ние не си ја завршивме задачата. Се надеам дека повторно ќе го имаме истиот тим бидејќи сигурен сум дека сме доволно добри да победиме“, напиша Ембид кој потоа додаде,

„Пред две години луѓето во Филаделфија ме исфиркуваа и сакаа да бидам трејдувам. Само правите не ме критикуваа, но јас помеѓу сезоните работев напорно бидејќи знаев дека не играм на нивото на мојот потенцијал. Навивачи на Филаделфија, и вие морате да бидете подобри“.

Се вчитува...