Ембид ја доби мега-пресметката против Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа само три натпревари. Во дербито на вечерта Филаделфија 76 на домашен терен славеше против Денвер нагетс со 126-121. Мечот кој беше најавуван како пресметка меѓу двата МВП кандидати, на крајот му припадна на Џоел Ембид кој заврши со 41 поен, надополнет со 10 асистенции и седум скока.

Никола Јокиќ исто така имаше солидна партија завршувајќи го натпреварот со 25 поени и 19 скока, а во таборот на поразениот тим Мајкл Портер џуниор уфрли 20 поени.

Во останатите два меча од синоќешната понуда: Феникс – Сакраменто 119-117 и ЛА Клиперс – Оклахома 128-117.

Се вчитува...