Ембид: Навивачите на Филаделфија сакаат да си заминам од тимот

Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид игра одлично оваа сезона, но поранешниот трет пик на драфтот верува дека навивачите на Сиксерс сакаат да го видат како заминува од франшизата.

28-годишниот Камерунец, кој поседува и француски пасош, изјави дека не е лесно да се биде во улога на лидер на тимот.

„Навивачите на Филаделфија сакаат да ме трејдаат. Се што можам да направам е да се обидам да дадам се од себе на секој натпревар. Благодарен сум што сум таму каде што сум бидејќи тоа не е лесна работа. Да беше лесно, сите ќе го правеа тоа. Кога си најдобар офанзивен играч на тимот, најдобар одбранбен играч, мора секоја вечер да бидеш на ниво. Не е лесно секоја вечер. Не можеме да бидеме совршени. Сите ние понекогаш грешиме“, изјави Ембид.

Се вчитува...