Ембид: Однесувањето на Симонс е неприфатливо, па и Батлер замина поради него

Бен Симонс е главниот актер во големата филаделфиска драма која трае уште по елиминацијата на Филаделфија од Атланта во минатосезонскиот плејоф на НБА лигата. Австралијанецот пробува да извејствува трансфер и воопшто не е заинтересиран за враќање во тимот за новата сезона.

Тоа е неприфатливо за ѕвездата на тимот, Џоел Ембид кој вели дека однесувањето на Симонс е расочарувачко и се граничи со непочитување, а откри и интересен детал поврзан со заминувањето на Џими Батлер.

„Ситуацијата е разочарувачка и се граничи со непочитување. Некои од момците тука се борат за своите животи. Доколку играш во тим кој победува поголема е веројатноста да останеш во НБА. Симонс секогаш го добиваше тоа што го посака. Нашиот тим беше граден за неговите потреби. Дури и Џими замина од тимот за Симонс да ја има топката во раце. Јас сеуште мислам дека тоа беше погрешна одлука“, изјави Ембид во пресрет на новата сезона.

Се вчитува...