Ембид откри кога ќе донесе одлука за која репрезентација ќе настапува

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид неодамна доби две државјанства – француско и американско со што е слободен да бира чиј репрезентативен дрес сака да го носи во иднина.

Центарот кој важи за еден од најдобрите во НБА лигата не крие дека сака да се закити со златен медал од едно големо натпреварување, но притоа не брза со одлуката и истата ќе ја донесе по крајот на сезоната во најсилното кошаркарско натпреварување.

„Многу пати ми го имате поставено ова прашање. Ќе кажам пак, сега сум целосно фокусиран на НБА бидејќи имаме добра шанса да бидеме шампиони со Филаделфија. Сакам да бидам сто отсто посветен на тоа. Потоа ќе размислувам за која репрезентација ќе настапам. Звучи добро да бидеш Светски или Олимписки шампион, но сакам прво титула со Филаделфија“, изјави Ембид.

Се вчитува...