Eмбид откри што му кажа на Јокиќ по победата над Денвер

о дербито на вечерта Филаделфија 76 на домашен терен славеше против Денвер нагетс со 126-121. Мечот кој беше најавуван како пресметка меѓу двата МВП кандидати, на крајот му припадна на Џоел Ембид кој заврши со 41 поен, надополнет со 10 асистенции и седум скока.

По натпреварот одличниот центар на „76“ откри што му кажал на својот најголем ривал…

„Што му кажав? Едноставно, дека тој е најдобриот играч во лигата. Како што реков претходно, тој го освои шампионатот со нив, тие се најдобриот тим во лигата, тој беше МВП на финалето. Му реков, продолжи да го правиш тоа што го правиш, затоа си најдобар во лигата“, изјави Ембид.

Се вчитува...