Кошаркарот на Филаделфија 76, Џоел Ембид даде интересно интервју, каде изјави дека кошарката не му е омилен спорт.
Актуелниот МВП на НБА изјави дека има големи симпатии кон фудбалот и дека повеќе би сакал да се занимава со тој спорт отколку со кошарката.
„Попрво би бил фудбалер отколку кошаркар. Многу го сакам. Ниту еден друг спорт не е ни блиску до фудбалот. Ми се допаѓа концептот на тим. Во кошарката, ако имаш двајца добри играчи, можеш да победиш, но во фудбалот, тимот мора да биде добар“, рече Ембид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА