Емери го носи Демирбај во Арсенал

Англискиот премиерлигаш Арсенал е заинтересиран за фудбалерот на Хофенхајм Керем Демирбај, кој го гледаат како наследник на Арон Рамзи кој на крајот од сезоната заминува во Јувентус. Германскиот фудбалер има клаузула во договорот во износ од 22 милиони фунти, што за тимот од Лондон не е никаков проблем да ја исплатат.

Според германскиот „Билд“, Арсенал веќе стапил во контакт со раководството на бундеслигашот, за исплаќање на клаузулата која ја има Демирбај.

25. годишниот фудбалер кариерата ја почна во вториот тим на Борусија Дортмунд, а настапуваше и за екипите на Хамбургер, Кајзерслаутерн и Фортуна Дизелдорф. За репрезентацијата на Германија има два настапи.

Се вчитува...