Емери отвори душа: Нејмар е „шефот“ во ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен на заминување, Унаи Емери, проговори отворено за тоа кој е кој во парискиот тим. Тој признава дека не бил „главен“ на „Паркот на принцовите“ туку дека таа улога му припаѓа на Нејмар.

Емери на крајот на јуни ќе ја напушти клупата на ПСЖ откако оваа сезона со своите избраници не успеа да ги оствари планираните цели, пред се во Лигата на шампионите.

Во една прилика Валдано рече дека во Барселона, водач е Меси, во Реал Мадрид главен е Флорентино Перез, а во Атлетико Мадрид тоа е Диего Симеоне. Играч, претседател и тренер – различни улоги во секој од споменатите случаи. Јас совршено знам кога сум одговорен за нешто, кога сум издвоен како поединец и тоа е процес кој секој тренер мора да го прифати. Тоа е нешто што се стекнува со искуството“ – истакнува Емери.

Тој првпат јавно проговори за улогата на Нејмар во парискиот клуб и го потврди она често го истакнуваа и медиумите дека бразилската ѕвезда е тој што го има главниот збор.

„Во секој клуб мора да знаете која е вашата улога и која улога ви ја дава колективот, а во ПСЖ водач е Нејмар. Или, подобро кажано, во ПСЖ водач и понатаму ќе биде Нејмар. Дојде во ПСЖ за да биде водач, да помине низ тој процес кој ќе го направи најдобар играч во светот. Тоа е нешто за што е потребно време…Да го земеме за пример Пеп Гвардиола, тој е шеф во Сити, но во ПСЖ тоа мора да биде Нејмар“ – истакнува тренерот на ПСЖ.

Унаи Емери во ПСЖ дојде во 2006 година од Севилја со која освои две титули по ред во Лига Европа. Пред Севилја каде ги помина најуспешните денови во својата кариера, тој беше на клупата и на Спартак Москва, Валенсија, Алмерија и на Депортиво.

Се вчитува...