Емери: Озил сега игра како што барам од него

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери е задоволен од настапот на својот тим во победата над Њукасл од 2-0, а како клучен играч го посочи Месут Озил. Германецот долго време беше во немилост на шпанскиот стратег, но со поголемо залагање на теренот успеа да ги придобие симпатиите на Емери, кој му даде шанса од првата минута против Њукасл.

„Ми се допаѓа како игра секој фудбалер, а Месут ни помага со своите инивидуални квалитети и моментите на инспирација. Месут игра како што сакаме, тактички и систематски, се исплатеше неговата работа“, изјави Емери. 

Арсенал ќе има жестока трка со Манчестер Јунајтед, Тотенхем и со Челси, за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

„Тие три тима до крајот на сезоната ќе победат на многу мечеви. Следниот меч за нас е многу тежок, му гостуваме на Евертон. Мораме да бидеме константни и ментално да бидеме силни“, дополни Емери. 

Се вчитува...