Емери по обезбеденото ново финале: Уживам во вакви моменти

Тренерот на Вилјареал, Унаи Емери вели дека дуелот со Арсенал бил исклучително тежок за неговиот тим, бидејќи неговиот тим ја имаше улогата на аутсајдер во битките за пласман за пласман во финалето на Лигата на Европа.

„Жолтата подморница“ успеа да стигне до првото европско финале во својата историја со триумф над Арсенал со вкупен резултат 2-1, откако во Лондон ја одбрани предноста од првиот меч во Шпанија.

„Требаше да го победиме големиот фаворит за да се пласираме во финалето. Ова беше сериозен дуел. Знаевме дека треба да работиме напорно, па еве на крај успеавме да ја реализираме нашата цел“, рече Емери.

За шпанскиот тренер тоа ќе биде петто финале во Лигата на Европа. Тој освои три со Севилја, додека во четвртиот финален натпревар беше поразен како тренер на клупата на Арсенал.

„Се обидувам да уживам во овие моменти. Знам колку е тешко да се победи во нокаут фазата. Тоа е можеби најтешката работа во фудбалот“, додаде Емери.

Вилјарел во финалето на 26 мај во Гдањск ќе игра против Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...