По преземањето на Астон Вила, Унаи Емери прави чуда со овој клуб. Екипата ја презеде во октомври минатата година на 16. позиција на табелата, а сега тимот се бори за Европа. Доказ за неговата добра работа е тоа што само Манчестер Сити освои повеќе бодови од него.
Тој даде интересна изјава кога беше прашан за неговите следни чекори. Кажа дека очекува да се врати во Шпанија и да води некој од големите клубови.
„Мојата следна работа? Очекувам да се вратам во Шпанија и да го водам Реал Мадрид или Барселона или Атлетико Мадрид“, рече Емери.
Ова покажува дека Емери е полн со самодоверба и верува дека еден ден ќе седне на клупата на некој од шпанските великани. Тој во минатото беше тренер на Арсенал, Вилјареал, ПСЖ, Севилја, Валенсија, Алмерија, а кратко беше и во Спартак Москва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА