Емери се коцкаше и доби, ПСЖ до цел плен во Ница

ПСЖ направи уште еден чекор напред кон титулата во француското првенство, откако „светците“ триумфираа со 1-2 на тешкото гостување во Ница.

Кавани промаши идеална шанса кога од непосредна близина биеше само во дирекот на почетокот од натпреварот, по што Ница прва поведе. Домаќините одлично организираа брз контранапад, Пли го проигра Сент Максимин, кој мајсторски го совлада Ареола. Радоста на фудбалерите и на навивачите на Ница сепак не траеше премногу долго, бидејќи Ди Марија експресно израмни на 1-1.

Балотели со глава ја погоди гредата при резултат 1-1, а потоа Унаи Емери реши да се коцка, вадејќи го од игра Кавани. На негово место влезе десниот бек Муние, што значеше офанзивна улога на Дани Алвеш – одличен потег со оглед на фактот дека токму Бразилецот беше стрелец на победничкиот гол со прецизен удар со глава во 82. минута.

Се вчитува...