Емил Божиновски контролор во Романија, Игор Стојчевски ќе биде четврти судија на Европското првенство, фудбалери до 21 година во Словачка

Нашиот поранешен најдобар фудбалски судија, денес еден од најпознатите контролори во УЕФА, Емил Божиновски ќе го контролира судењето на мечот меѓу Романија и Кипар што се игра во рамките на европските квалификации за светското првенство. Натпреварот се игра на 10 јуни во Букурешт. Во оваа група се уште Босна и Херцеговина, Австрија и Сан Марино. Романците не се прославија на стартот. Загубија од БИХ со 1:0 и Австрија со 2:1, го победија Сан Марино со 5:1, додека Кипар има победа против Сан Марино со 2:0 и пораз од БИХ со 1:0.

На европската сцена во наредните две недели, почнувајќи од 11 јуни ќе се појави и нашиот меѓународен судија Игор Стојчевски. Судиската комисија на УЕФА го одреди Игор Стојчевски да биде четврти судија на финалниот турнир на Европското првенство, играчи до 21 година што ќе се игра во Словачка. На Европското првенство во Словачка ќе настапат 16 најдобри репрезентации во Европа, поделени во 4 групи кои беа најуспешни во претходните квалификации, меѓу кои беше и Македонија под водство на Драган Канатларовски но не успеа да ги мине. Еве ги учесниците на ЕП: Словачка, Шпанија, Италија, Романија /А/,Полска, Грузија, Португалија, Франција /Б/, Финска, Данска ,Холандија, Украина/Ц/ и Словенија, Германија, Англија, Чешка/Д/. Интересно е дека на европското првенство само репрезентацијата на Словенија ќе игра од поранешните југословенски простори.

Пред да отпатува за Словачка, Игор Стојчевски, заедно со помошниците Кристијан Џонов и Вјолца Изеири, во Пловдив го судеше пријателскиот меч меѓу Бугарија и Кипар /2:2/.
М.М

Се вчитува...