Голманот на Барселона, Емил Нилсен, е добитник на МВП признанието за изминатата сезона во Лигата на Шампионите во која данскиот голман ја предводеше Барса до титулата во елитното европско натпреварување.
Нилсен имаше жестока конкуренција против себе, но во ситуација кога Барса се искачи на врвот на ракометна Европа на Ф4 турнирот во Келн, данскиот голман собра повеќе гласови и заслужено се најде на врвот.
Ова е втора ваква награда на Нилсен, кој беше избран за МВП на Лигата на Шампионите и во 2024 година.
Емил Нилсен е единствениот ракометар во моментов што истовремено е светски, олимписки и европски првак со Данска, истовремено и европски клупски првак со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
