Од раководството на штипска Брегалница ги деминтираат денешните информации лиферувани преку дел од локалните социјални мрежи дека штипски прволигаш повеќе од два месеци им должи плати на фудбалерите и стручниот штаб.
Извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев, во изјава за официјалната интернет-страница на клубот нагласува дека таквите информации се невистините кои се со намера единствено да креираат погрешна слика за актуелната ситуација во клубот.
„Во текот на денот, некои погрешно информирани фан страни, кои (не)намерно сакаат да креираат погрешна слика за ситуацијата во клубот пред јавноста, пласираа информации дека во ФК Брегалница не се исплатени плати на играчите. Информациите се целосно НЕВИСТИНИТИ и обврските спрема фудбалерите во ФК Брегалница се целосно и комплетно подмирени“ – вели Емил Тодев притоа дополнувајќи:
„Не ја разбирам потребата од пласирање непроверени шпекулации од страна на “фан” страни, кои всушност се декларираат како поддржувачи на клубот. Не е прв пат вакви квази информации од ваков тип на “фан” страници да се пласираат во фудбалската јавност во Штип“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА