„Емилијано Сала е убиен, овој случај не смее да остане нерасчистен….“

Аргентинецот Емилијано Сала беше погребан вчера во својот Санта Фе во Аргентина каде поранешниот фудбалер на Нант го мина своето детство.

Сала го загуби животот во авионска несреќа на 21. јануари на пат од Нант до Кардиф. Неговото тело беше пронајдено во остатоците од авионот на 67 метри длабочина.

Но, многумина сметаат дека оваа несреќа има многу нејаснотии кои мора да се расчистат до крај. Неговиот роднина Матијас Гати вели дека целата оваа трагедија е „режирана“…

„Го убија Емилијано…. Има многу нејаснотии. Го натераа со сила да влезе во авионот, тоа го знам со сигурност. Зошто, не знам? Но некој треба да открие. Верувам дека се треба да се испита добро до крај. Сите знаеме дека го натераа со сила таа вечер да патува со тој авион иако тој не сакаше, и за тоа постојат и докази“ – вели Матијас.

Идентично тврди и пријателот на Емилијано, Максимилијано Дуарте кој добил порака дека Сала воопшто не сакал да патува таа вечер со таков авион во Кардиф. Кој го убедил треба да се открие!

Се вчитува...