Емоции до небо: Слика на Жота на официјалното претставување на Португалија (фото)

Португалија се среќава со Конго на стадионот во Хјустон, а атмосферата беше крајно емотивна уште пред самиот почеток на натпреварот.

Имено, при интонирањето на португалската химна на семафорот се појави фотографија на Диого Жота, големиот ас кој минатото лето го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа. Соиграчите во изминатиот период често го споменуваа екс-голгетерот на Ливерпул најавувајќи дека ќе играат и за него на овој мундијал, а гестот на организаторот беше вистински потег – за Жота да не биде заборавен на светскиот шампионат.

Згора на тоа, родителите на Диого се присутни во свечената ложа како специјални гости на раководството на португалската федерација.

Резултатот по 45 минути игра гласи 1-1, Португалците поведоа преку Жоао Невеш, а Конго израмни во петтата минута од судиското продолжение преку Виса.

Се вчитува...