Емре Чан со голот на годината му донесе триумф на Ливерпул

Ливерпул го совлада Ватфорд на гости со 0-1 и се зацврсти на третото место на табелата во Премиер – лигата со 69 бода, три повеќе од Манчестер сити, кој има еден одигран меч помалку. Германскиот интернационалец Емре Чан беше стрелец на победничкиот гол, а го постигна на спектакуларен начин, со ножички, откако ја зафати топката по нафрлувањето на Лукас во 45.минута од првото полувреме.

0-1 Emre Can Goal 01.05.2017 HD by dailyfootballkick

Ливерпул на самиот старт од овој натпревар остана без Фелипе Кутињо, кој се повреди, а на негово место во составот шанса доби Адам Лалана, кој исто така досега беше повреден.

Ватфорд имаше шанса за израмнување во судиското продолжение, кога Предл ја погоди гредата од голот на Мињоле.

Се вчитува...