Енди Мареј елиминиран од Вимблдон: Квереј имаше повеќе сила и победи во пет сета

Првиот светски рекет Енди Мареј е елиминиран во четвртфиналето на гранслем турнирот Вимблдон. Сем Квереј успеа да го елиминира, совладувајќи го со 3-2 во сетови (3-6, 6-4, 6-7, 6-1, 6-1), откако направи целосен пресврт во четвртиот и петтиот сет. Мареј имаше проблеми со повредата на колкот и не можеше да го издржи темпото во овој меч.

Британецот го доби првиот сет со 6-3, но возврати Квереј во вториот со 6-4 во гемови. Третиот сет му припадна на најдобриот светски тенисер во тај-брејк (7-4 на поени), но тоа беше се од Енди Мареј. Потоа доминираше Квереј и следните два сета ги доби убедливо, со 6-1 во гемови.

Се вчитува...