Енди Мареј самиот се избриша од Ролан Гарос

Енди Мареј се уште се мачи со бавната рехабилитација од повредата, поради која Британецот реши да се повлече од комбинација за настап на Ролан Гарос. Иако претходно се имаше пријавено да игра во Париз, Мареј не се рехабилитира според очекувањата, па самиот решил да се отпише од листата на учесници на овој гранслем турнир.

Тој го откажа и настапот од челинџер-турнирот во Глазгов, како идеален за камбек поради слабата конкуренција. Како што стојат работите, Мареј ќе се врати најрано на 11 јуни на турнирот во Ден Бош, на почеток на сезоната на трева како увертира за Вимблдон.

Енди Мареј досега во кариерата има десет настапи на Ролан Гарос. Најдоброто достигнување му е во 2016 година, кога стигна во финалето, но таму беше поразен од Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...