Енди Робертсон ќе слави голем јубилеј против Македонија

Енди Робертсон ќе ја предводи Шкотска со капитенската лента на саботниот дуел со Македонија, а левиот бек ќе слави и фантастичен јубилеј во Скопје – овој меч ќе биде вкупно стоти за Робертсон во репрезентативниот дрес.

Дефанзивецот дебитираше за Шкотска влегувајќи како резерва во победата над Полска во Варшава уште во 2014 година, оттогаш собра 99 настапи за националниот тим, а јубилејот ќе го прослави токму против нашата национална селекција.

Тој ќе стане само втор фудбалер во историјата на шкотскиот фудбал со трицифрен број на натпревари, зад легендарниот Кени Далглиш со 102, чиј рекорд Робертсон може да го стигне до крајот на овогодинешното издание на Лигата на нации.

„Енди е фантастичен капитен, од првиот ден тој е многу важен за мене, исто како што беше и за претходниот селектор. Максимално е посветен да создаде силна поврзаност меѓу фудбалерите и стручниот штаб, секогаш го дава максимумот и исклучително е горд секогаш кога ќе го облече дресот на Шкотска“, изјави селекторот Покоњоли.

Се вчитува...