Во Португалија, една од главните теми е заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на националниот тим.
Португалската фудбалска федерација не сака соработката со еден од нејзините најголеми играчи да заврши на таков начин, па веќе работи на решавање на ситуацијата. Според информации од Шпанија, раководството на федерацијата планира да организира средба следната недела за да се обиде да ги надмине разликите, пишува „Марка“.
На средбата треба да присуствува и тренерот Жорже Жесус, а ставот е дека репрезентативната кариера на Роналдо не заслужува да заврши со инцидент, туку дека тој треба да добие достоинствено испраќање во согласност со неговите достигнувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
