Турскиот кошаркар Енес Кантер му фаќаше сеир на Леброн Џејмс поради неговиот слаб став околу вакцинирањето на кошаркарите во НБА лигата. Првата ѕвезда на лигата изјави дека тој е вакциниран, но дека не може никого да натера тоа да го направи.
Центарот на Бостон Селтикс вели дека не може да верува што кажал Леброн.
„Кога слушнав што кажа бев многу разочаран. Тоа е смешно. Секако тоа е Леброн Џејмс едно од главните лица на НБА и затоа мора да излезе и да каже „Се вакцинирав направете го и вие тоа. Вакцините се единствената работа која може да ни го спасат животот“, изјави Кантер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА