Енис Барди четврти најдобар изведувач на слободни удари на „ФИФА 21“

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е проектиран како четврти најдобар изведувач на слободни удари на видео играта „ФИФА 2021“. Тој има оцена за изведување на слободни удар (91), а пред него се само Лионел Меси (94), Дани Парехо (93) и Миралем Пјаниќ (92). Во топ 10 уште се наоѓаат и Себастијан Џовинко, Шенсуке Накамура, Нејмар, Џејмс Вард Проуз, Роберт Сков и Руслан Малиновски.

Ова е уште еден доказ дека Енис Барди е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот, бидејќи рејтингот на ФИФА е правен според сите фудбалски критериуми.

Се вчитува...