Енис Барди го чува Леванте непоразен во Примера

Леванте е без пораз и по четвртото коло од новата сезона во Примера дивизион, а најзаслужен за тоа е Енис Барди откако македонскиот ас постигна значаен гол за својот тим на градското дерби против Валенсија (1-1).

„Лилјаците“ играа подобро во првото полувреме и заслужено поведоа преку Родриго, но потоа Барди со еврогол најпрвин ја смири топката на градите, па го совлада Нето.

Леванте по првите четири кола има една победа и три реми со вкупно пет постигнати (и четири примени) гола, од кои два се дело токму на Енис Барди.

Levante 0 – 1 Valencia 16/09/2017 Rodrigo… by FootballHGEnis Bardhi Goal HD – Levante 1 – 1 Valencia… by FootballHD7

Се вчитува...