Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди наскоро треба да има нов клуб, откако го напушти тимот на Трабзонспор и моментално е слободен агент. Се поизвесно Барди останува во Турција, иако најново е дека има заинтересирани екипи од Англија.
Сепак, понудата од екипата на Бодрум во моментов е најдобрата, и според нашите информации, екс фудбалерот на Леванте во текот на оваа недела се очекува да потпише за овој тим. Остануваат детали до завршниот потпис и промоција.
Двата тима од Чемпионшип Шефилд Веднздеј и Лидс Јунајтед се најновите екипи на листата заинтересирани за играчот од средниот ред, но тешко дека ќе дојдат до неговиот потпис, со оглед дека е пред договор за останување во Турција и прифаќање на понудата од Бодрум, каде што тренер е легендарниот турски голман Волкан Демирел.
Барди пред неколку дена и дефинитивно се раздели од Трабзонспор, откако претходно беше отстранет од турскиот тим од непознати причини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА